

Веруваме дека потенцијалот е како скапоцен камен.
Чекориме со вас за да ве инспирираме да го истражите, исполирате и искористите.
Коучингот е алатка за постигнување на посакуваните резултати преку партнерски процес на ко-креација, структурирани прашања и креативно размислување. Низ овој процес често се откриваат дотогаш неискористени извори на креативност, продуктивност и лидерски капацитет, кои придонесуваат за подобри резултати и одржлив развој.
Процесот се темели на активно слушање, моќни прашања, јасно дефинирани цели, преземање одговорност за договорените чекори, пристап приспособен на потребите на клиентот, примена на проверени техники и насоченост кон одржлива промена.
На тој начин, поединците и тимовите доаѓаат до поголема јасност, носат поосмислени одлуки и ги претвораат своите сознанија во конкретни и остварливи чекори.
Потребата од коучинг најчесто се појавува во клучни моменти за луѓето и организацијата — при преземање нова улога, раст на тимот, развој на таленти, зголемен притисок или организациска промена.
Она што го работиме е бизнис развоен коучинг — индивидуален и тимски. Работиме со конкретни развојни цели, а напредокот кон нив го следиме и документираме низ целиот процес. Процесот е структуриран, но доволно флексибилен за да се прилагоди на вашиот реален контекст. Секој ангажман го дизајнираме заедно со вас.
Оваа обука е наменета за сите што сакаат да ги совладаат основите и алатките на проектниот менаџмент, без разлика на нивното претходно искуство, професионална област или индустрија.
По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат самостојно да планираат, следат и успешно да затворат проект. Обуката е соодветна за сите што учествуваат во проекти, независно од нивната улога и фазата во која се наоѓа проектот.
Обуката трае 15 часа и се одржува во мали групи, што овозможува практична работа и активно учество на сите учесници.
Практичниот пример (case study) се избира според составот и потребите на групата. За компаниите, обуката може целосно да се приспособи и да вклучува работа на реален проект од компанијата, со почитување на договор за доверливост (NDA), или примери од нејзината индустрија.
Обуката придонесува за посамостојни учесници, појасни улоги и подобра тимска соработка. За компанијата тоа значи порано препознавање на ризиците, попредвидлива реализација на проектите и подобро користење на ресурсите.
Оваа обука е применлива во сите индустрии, бидејќи проектниот менаџмент е процесно ориентирана методологија која не зависи од типот на индустријата. Независно од тоа дали активностите ги препознаваме како проекти или не, тие постојат во секоја компанија — оваа обука овозможува нивно препознавање и групирање, со што значително се олеснува разбирањето на управувањето со проекти.
Преку практична работа, учесниците ги поминуваат сите фази на еден проект. Фокусот не е на меморирање поими, туку на нивна примена во реални ситуации. Учесниците ќе научат како:
Со овие активности учесниците ќе поминат низ сите фази низ кои поминува еден проект: Иницијализација, Планирање, Извршување, Контрола и Мониторинг и Затворање на проектот.
По завршување учесниците добиваат сертификат за помината Обука за проектен менаџмент како и материјали за понатамошно учење.
Менторството е индивидуален развоен процес приспособен на улогата, актуелниот проект и потребите на вработениот. Преку работа на реални ситуации и одлуки, тој добива практична насока, сопствено темпо и јасен развоен план. Наменето е за нови и идни проектни менаџери, специјалисти што преземаат лидерска улога и искусни менаџери пред нов или посложен проект.

Билјана има повеќе од 20 години искуство во управување со проекти и програми. Во текот на кариерата раководела со меѓународни проекти, програми и големи оперативни тимови, кои во одредени фази броеле повеќе од 50 членови. Нејзиното искуство опфаќа различни индустрии - ИТ, банкарство, автомобилска индустрија, градежништво и производство.
Носител е на PMP и PMO сертификати од Project Management Institute (PMI), со експертиза во управување со ризици и промени, агилни пристапи, развој на производи и бизнис-анализа.
Како тренер, Билјана има обучено повеќе од 500 учесници, меѓу кои проектни менаџери, тим лидери, раководители и мешани корпоративни групи. Преку индивидуално менторство поддржала и десетици професионалци во нивниот понатамошен развој и професионална сертификација.
Секоја обука ја приспособува на потребите на компанијата и на искуството на учесниците. Нејзиниот тренерски пристап го поврзува долгогодишното практично искуство со јасно, разбирливо и применливо пренесување на знаењето.