Развојна програма за лидерство
Програмата е базирана на Healthcare Leadership Model на NHS Leadership Academy во Обединетото Кралство, која го структурира лидерското однесување во девет меѓусебно поврзани области. Рамката се користи како основа за разбирање и развој на лидерските однесувања, додека содржината, практичните вежби и активностите на програмата се адаптирани за различни професионални и организациски контексти.
За кого е наменета
Што ќе добиете
„Подобри резултати, подобра соработка и поголема вредност за луѓето со кои работите и за организацијата.“
- да го препознаете сопствениот лидерски стил и развојни потреби
- да создадете заедничка цел и јасна насока за тимот
- да водите со поголема доверба, емпатија и професионална одговорност
- да донесувате одлуки врз основа на релевантни информации и факти
- да ја разбирате вашата улога и придонес во поширокиот здравствен систем
- да ја комуницирате визијата на начин што ги мотивира и вклучува луѓето
- да создадете поангажиран и посамостоен тим
- да поставувате јасни очекувања и да поттикнувате одговорност за резултатите
- да го препознавате и развивате потенцијалот на вашите колеги
- да влијаете, иницирате промени и ги претворате идеите во конкретни резултати
Придобивки
- Индивидуален пристап и систематски развој на лидерски компетенции во 9 области
- Индивидуален лидерски извештај за секој учесник по извршена самопроценка
- Персонализиран акциски план за развој на лидерството
- Следење на индивидуалниот напредок во деветте лидерски области низ 4 прогресивни нивоа
Секоја од деветте лидерски области содржи четири прогресивни нивоа на лидерско однесување. Тие овозможуваат да препознаете:
Целта е свесно да го препознаете своето следно ниво на развој и да направите конкретен чекор кон него.
Работата се реализира во мали групи од 10–15 учесници со цел да се обезбеди интерактивност, индивидуален пристап и квалитетна дискусија. Локацијата и терминот на одржување се договараат со пријавените учесници.
Развојна програма за нови лидери
Прв пат сте на чело на тим? Тој момент носи возбуда, но и многу прашања без готови одговори — како да делегирате без чувство на вина, како да дадете фидбек кој навистина помага, како да го приспособите вашиот стил кон секој различен член на тимот.
Оваа програма е дизајнирана специјално за лидери во рана фаза од кариерата, прво и средно ниво на менаџмент — луѓе кои сакаат практични алатки, а не теорија што ќе ја заборават на излез од салата.
Што добивате
- Ситуациско лидерство — способност да го приспособите вашиот пристап кон секој член на тимот, наместо еден стил за сите
- Вештина да давате повратна информација (feedback) која гради, а не демотивира
- Coaching вештини кои ги користите секојдневно во разговори со тимот
- Сигурност и ефективност во делегирањето — без чувство дека губите контрола
- Индивидуален лидерски извештај и личен акциски план, изработени според вашата реална ситуација
Модулите од оваа програма можат да се комбинираат со модулите од Развојната програма за лидерство и Комуникација со клиенти и асертивна комуникација, согласно потребите на секој клиент.
Ефективна и асертивна комуникација
Јасно. Асертивно. Со влијание.
Колку пати сте посакале да кажете „не“, а сте кажале „да“? Колку пати вашата добра намера завршила во недоразбирање со колега или клиент? Комуникацијата е вештина која секој ден ја користиме, а ретко некој нè научил вистински како да ја употребиме.
Оваа програма носи практични комуникациски вештини кои веднаш се применуваат во работата — во разговор со колеги, со клиенти и во секојдневните ситуации кои бараат јасност, а не конфликт.
Што добивате
- Асертивност во секојдневни ситуации — како да кажете „не“ без вина и да поставите граници без конфликт
- Јасна порака и препознавање невербални сигнали, за помалку недоразбирања во тимот и со клиенти
- Активно слушање и вештина за давање и примање фидбек, преку feedforward пристап
- Разбирање на сопствените емоции и препознавање емоции кај другите, за посигурни реакции под притисок
- Алатки за поуспешна соработка меѓу генерации во тимот
- Симулации базирани на реални работни предизвици и индивидуален акциски план за примена веднаш по работилницата
Резултат: помалку тензија, повеќе разбирање — и колеги и клиенти кои чувствуваат дека навистина сте ги сослушале.
Модулите од оваа програма можат да се комбинираат со модулите од Развојната програма за лидерство и Развојната програма за нови лидери, согласно потребите на секој клиент.
Секоја програма функционира самостојно, но модулите меѓу трите програми слободно се комбинираат и прилагодуваат според целите, целната група и потребите на секоја организација.

